Услови за користење и Политика за поврат на средства

Добредојдовте на веб-страницата на Sienna Apartments (www.sienna.mk). Овие услови ги регулираат правилата за користење на нашата веб-страница, процесот на онлајн резервации и политиката за откажување. Со користење на оваа веб-страница, се согласувате со овие услови.

ДЕЛ 1: УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

  1. Основни податоци за компанијата
  • Правно лице: Sienna Apartments ДОО Скопје
  • Адреса: Шумадиска 1, 1000 Скопје, Македонија
  • Е-маил: info@sienna.mk
  • Телефон: +389 71 337 372

     

  1. Цени и плаќање Сите цени на веб-страницата се изразени во Македонски денари (МКД) со вклучен ДДВ. Плаќањето се врши електронски со користење на платежни картички (Visa, MasterCard) преку безбедниот систем на ПроКредит Банка. Вашата платежна картичка ќе биде задолжена исклучиво во локална валута (МКД).

     

  2. Процес на резервација По успешно завршување на процесот на плаќање, ќе добиете е-маил потврда за вашата резервација со сите детали за вашиот престој. Оваа потврда служи како доказ за направената резервација.

     

  3. Безбедност при плаќање Безбедноста на вашите податоци при плаќање е гарантирана од процесорот за плаќање (ПроКредит Банка). Трансакциите се заштитени со највисоки безбедносни стандарди, вклучувајќи го и 3D Secure стандардот за безбедност. Ние како хотел немаме пристап до податоците од вашата платежна картичка.

     

    ДЕЛ 2: ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА (REFUND POLICY)

     

  1. Услови за откажување на резервација
  • Неповратна резервација (Non-Refundable Policy): Сите резервации направени во Sienna Apartments се од конечен и неповратна природа. Со потврда на резервацијата, клиентот се согласува дека уплатените средства не подлежат на рефундирање.

  • Откажување и Непојавување (No-show): Во случај на какво било откажување од страна на гостинот, предвремено заминување или непојавување на датумот на чек-ин (No-show), Sienna Apartments го задржува правото да задржи 100% од вкупниот износ на резервацијата.

  1. Процедура за поврат на средства Во случај на оправдано откажување на резервацијата и одобрен поврат на средства, повратот ќе се изврши исклучиво на истата платежна картичка со која е извршено првичното плаќање. Трговецот (Sienna Apartments ДОО Скопје) нема можност, ниту законско право, да изврши поврат на средства во готово или на друга банкарска сметка различна од онаа поврзана со платежната картичка користена при трансакцијата.

     

  2. Времетраење на повратот Процесирањето на повратот на средства може да потрае од 3 до 14 работни дена, во зависност од политиката на банката. За сите барања за откажување, контактирајте нè на info@sienna.mk.